Мирисот на Black Opium е ориентален и претставува контраст на интензитети. Поигрувајќи се со нескладноста меѓу горчливиот акорд од зрно кафе, состојка која никогаш досега не се користела во толкава мера при создавање на женски парфем, и свежите бели цветови како контраст, мирисот носи чувство на ентузијазам на граница на екстаза. Нотата на природно кафе делува природно и ги буди сите вкусови. Потоа следат меки и женствени ноти од бели цветови на јасмин и цвет од мандарина, со опојни мириси на божествена ванила во комбинација со дрвенест кедар и пачули. Тие го формираат мирисот и му даваат длабочина и таинствена елеганција.
За брендот:
Yves Saint Laurent е француска модна куќа основана од страна на Yves Henri Donat Mathieu-Saint-Laurent. Yves Saint Laurent е симбол на индивидуалност, креативност и луксуз, како во модната индустрија, така и во светот на козметиката и парфемите. Ексклузивната шминка и оригиналните парфеми се составен дел од неговата прочуена градина. Кариерата на Laurent започнува од неговата 17 годишна возраст, кога станува и помошник на Christian Dior. Со смртта на Dior 4 години подоцна, Laurent е именуван за раководител на куќата Dior на само 21 година. Laurent понатаму ја основа својата модна компанија и продолжува да станува еден од највлијателните модни дизајнери во периодот на 60-тите и 70-тите години. Yves Saint Laurent останува активен како главен дизајнер на колекцијата до крајот на 80-тите. Yves Saint Laurent умира во 2008-ма година. Првиот мирис на куќата, Y за жени, е претставен во 1964-та година. Y и уште неколку други изданија на YSL, вклучувајќи го и Rive Gauche (1970), Opium (1977), машкиот мирис Kourous (1981) и Pariz (1983), станаа модерна класика во светот на парфемите.






Nora Selimi –
Ky parfum ma ngriti vetëbesimin, sinqerisht. Aroma më mban gjithë ditën✨
Simona N. –
Многу убав, не е ни тежок ни слаб. Баш по мерак
rina A. –
Nuk kom dije për parfume po ky m’shkoj shumë. S’po më vjen me ble tjerë tash